Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Потребни се 450 години за разградување на пластичните заштитни маски
Автор

Потребни се 450 години за разградување на пластичните заштитни маски

октомври 27, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
 53 Читање помалку од 1м

Министерството за јавно здравје на Белгија денеска соопшти дека се потребни 450 години за да се разградат пластичните заштитни маски за превенција на заразата од Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел. Информацијата е објавена денеска преку националната белгиска агенција, Белга, врз основа на податоци на одделот за заштита на морската средина во Министерството за здравство. Министерството од денеска започнува кампања за сензибилизација на граѓаните насловена „Морето почнува кај вас дома“.

Од почетокот на здравствената криза властите забележуваат наплив на фрлени пластични маски по улиците и во Северно Море и предупредуваат дека процесот на разградување на овие маски е екстремно долг. Дури и по 450 години малите пластични фрагменти од маската сѐ уште не се целосно елиминирани, информираат од Министерството.

Освен фрлени маски, сѐ повеќе се наоѓаат и пластични заштитни ракавици и шишенца од гелови за дезинфекција по плажите и улиците во Белгија, покрај веќе постоечките осум милиони тони пластичен отпад. – Морските животни можат да ги поистоветат овие предмети со медузи, кога ги голтаат нивниот стомак веднаш се полни, но без никаков нутритивен придонес, што со тек на време ги ослабнува.

Се случува животните да бидат заглавени во маските, и, конечно, микрочестичките можат да се најдат во нашата исхрана, соопшти белгиското Министерство за здравство. Кампањата ги повикува граѓаните да бидат совесни и да ги фрлаат маските во канти за отпад или да изберат маски за повеќекратна употреба.

450 години заштитни маски пластични разградување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година

мај 26, 2026

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година

мај 11, 2026

Ова се најдобрите плажи во светот за 2026 година

март 2, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.