Силен земјотрес го затресе во 13 часот и 37 минути подрачјето на Средоземното море, поточно околината на грчкиот остров Родос.
Магнитудата била 5,9 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 35 километри, а на апликацијата на Европскиот сеизмолошки центар стои само еден коментар.
Жител на Линдос, оддалечен 56 километри од епицентарот, напиша дека тоа е најсилниот земјотрес што се случил во последните девет години откако тој живее таму и дека траел 7-8 секунди, а после него следел уште еден послаб.
Засега нема информации за последиците од тресењето.