Јужноафриканскиот надбискуп Дезмонд Туту, еден од најголемите борци против апартхејдот, почина денеска на 90-годишна возраст.
Тој беше награден со Нобеловата награда за мир во 1984 година за неговата кампања за ненасилно спротивставување на апартхејдот.
„Смртта на надбискупот, емеритус Дезмонд Туту, е уште едно поглавје на жалост во збогувањето на нашата нација со генерацијата извонредни Јужноафриканци кои во наследство ни ја оставија ослободената Јужноафриканска Република“, рече претседателот Сајрил Рамафоса.
Современик на Нелсон Мандела
„Нашата нација затвора уште едно поглавје во збогувањето со генерацијата на извонредни Јужноафриканци“, рече Рамафоса, додавајќи дека Туту е духовен водач и глобален активист и борец за човекови права.
Туту е современик на иконата против апартхејдот, Нелсон Мандела, а беше иницијатор на движењето за ставање крај на политиката на расна сегрегација и дискриминација, која во Африка траеше од 1948 до 1991 година.
Смртта на Туту доаѓа само неколку недели по смртта на последниот претседател на Јужна Африка од времето на апартхејдот, ФВ де Клерк, кој почина на 85-годишна возраст.
(Фото: ЕПА)







