Средните училишта на Град Скопје „Орце Николов“ и „Никола Карев“ денеска ги отворија вратите за факултетите и универзитетите за промоција на нивните студиски програми пред средношколците.
Kако дел од инцијативата на Град Скопје за отворени денови во средните училишта универзитетите и факултетите што се заинтересирани да ги презентираат своите програми пред идните студенти во периодот од 15 март до 1 април годинава ќе имаат можност да го сторат тоа во една поорганизирана форма.
Можноста која им се нуди на средношколците е, преку непосреден разговор и контакти, да добијат информации и одговори за високото образование и да го направат вистинскиот избор за својот професионален развој.
Во наведениот период, секој ден по две училишта ќе имаат отворен ден за претставување на факултетите и институтите.
Утре (16.03.2018 година) ваков отворен ден ќе се одржи во средните училишта „Михајло Пупин“ (од 11 до 15 часот) и „Панче Караѓозов“ (од 14 до 18 часот).
| РАСПОРЕД НА ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ НА УЧИЛИШТАТА | ||
| Училиште | Време | Датум |
| 1.Орце Николов 2.Никола Карев | 1.11:00 до 15:00 2.14:00 до 18:00 | 15.03.2018 година |
| 1.Михајло Пупин 2.Панче Караѓозов | 1.11:00 до 15:00 2.14:00 до 18:00 | 16.03.2018 година |
| 1.Здравко Цветковски 2.Георги Димитров | 1.11:00 до 15:00 2.14:00 до 18:00 | 19.03.2018 година |
| 1.Марија Кири Склодовска 2.Браќа Миладиновци | 1.11:00 до 15:00 2.14:00 до 18:00 | 20.03.2018 година |
| 1.Димитар Влахов 2.Лазар Танев | 1.11:00 до 15:00 2.14:00 до 18:00 | 21.03.2018 |
| 1.Јосип Броз-Тито | 11:00-15:00 | 22.03.2018 |
| 1.Арсени Јовков 2.Цветан Димов | 11:00-15:00 14:00-18:00 | 23.03.2018 |
| 1.Зеф Љуш Марку 2.Кочо Рацин | 11:00-15:00 14:00-18:00 | 26.03.2018 |
| 1.Васил Антевски Дрен
| 11:00-15:00 | 27.03.2018 |
| 1.Владо Тасевски
| 11:00-15:00 | 28.03.2018 |
| 1.Боро Петрушевски 8-ми Септември
| 11:00-15:00 14:00-18:00
| 29.03.2018 |
| 1.Панче Арсовски -Шаип Јусуф 2.Раде Ј. Корчагин
| 11:00-15:00 14:00-18:00 | 30.03.2018 |






