Во Собранието почна средбата на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, со лидерите на парламентарните политички партии, на која треба да се разговара за европскиот пат на земјава, како и за одлуките што во иднина треба да се носат со широк политички и општествен консензус.
Средбата, соопштија од Владата, се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консензус.
На средбата присуствуваат првиот човек на ДУИ Али Ахмети, на ДОМ, Маја Морачанин, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Алтернатива, Африм Гаши, на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, и на ДПА, Мендух Тачи.
Лидерите на Левица, Димитар Апасиев, и на Беса, Биљал Касами не дојдоа да се сретнат и да разговараат со Ковачевски.
(Фото: МИА)







