Околу 270.000 средношколци и основци, од кои околу 20.000 првачиња, денеска ја почнуваат новата учебна година. Според претходните најави од Министерството за образование и наука се очекува учебната 2018/2019 година да почне со ревидираните наставни планови за прво, второ и трето одделение.
За првачињата се предлага намалување на бројот на предмети, најмногу четири наставни часа во денот, повеќе одмор и игри.
МОН за новата школска година ќе достави и 22 коригирани учебника низ училиштата.
Новата учебна година почнува и со повисоки плати за вработените во основното и во средното образование.







