Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Почна 61-часовниот викенд карантин во државата
Во Фокусот

Почна 61-часовниот викенд карантин во државата

април 10, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во 16 часот денеска почна забраната за движење на населението, и согласно одлуката на Владата ќе трае до понеделник до 5 часот.

Со ова, почнува 61-часовен карантин за сите граѓани на територија на целата држава.

Забраната не важи за полицијата, армијата, здравствените работници, противпожарните територијални единици и земјоделските лица.

Дежурните аптеки ќе работат непречено, а продавниците, маркетите и рестораните ќе примаат нарачки и ќе вршат достава на своите производи.

Маркетите кои немаат соодветна дозвола за работа за време на полицискиот час, ќе бидат санкционирани.

Како што информира денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, Државниот пазарен инспекторат за време на полицискиот час ќе врши проверка на дежурните маркети дали ги имаат овие дозволи.

„Освен маркети кои се определени од Кризниот штаб во градовите, другите немаат право да работат и доколку бидат затечени дека работат ќе бидат санкционирани. За сите угостителски објекти на кои е направен записник и се затворени од страна на Државниот пазарен инспекторат, најпрво се доставуваат платни налози за глоба, па доколку не се платат во определениот рок, тогаш се упатуваат на суд“, нагласи Пауновски.

Доставата на неопходните продукти на граѓаните ќе ја вршат лицата волонтери до самите домови на граѓаните.

Полицискиот час, како што информира министерот за здравство, Венко Филипче, ќе важи и за време на претстојните верски празници.

„Знам дека е тешко и доаѓаат и верски празници, но ова е период во кој мора сите со почитување на мерките да инвестираме во сопственото, но и во колективното јавно здравје. И за време на верските празници кои се пред нас, ќе важи целосна рестрикција во движењето“, изјави Филипче.

Државата е во фаза кога воведените мерки се најстроги.

Сепак, животот повторно ќе се врати во нормала кога за тоа ќе се создадат услови.

Како што појасни министерот Филипче, се прават планови за оваа насока.

„Се подготвуваме за периодот за целосно враќање во нормала тогаш кога ќе бидат исполнети условите за тоа. Но, нема да може така лесно целокупниот работен процес и животот да се врати во нормала со истиот интензитет имајќи го предвид искуството на некои други земји, како и предвидувањата дека секогаш постои ризик за втор пик на дијагностицирани пациенти“, рече Филипче.

Вели дека ова се сериозни мерки за рестрикција, меѓутоа крајната цел е да се заштити здравјето на граѓаните и верувам дека сите се свесни за сериозноста на ситуацијата и дека секој гледано низ призма на својот професионален и личен капацитет треба да се заложи максимално до сите до коишто допира–граѓани или групи граѓани.

Според него, мерките мора да се почитуваат и сите граѓани треба да се придржуваат до нив.

Министерството за внатрешни работи, пак, како што најави дополнителната министерка Славјанка Петровска е целосно подготвено да одговори на задачите за време на продолжениот викенд полициски час.

актуелно карантин
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.