Почнува исплатата на субвенциите за тутунот. Во министерството за финансии се испратени налозите за вкупно 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра, а земјоделците попладнево и утре ќе може да си ги подигнат парите од банките.
Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, по речиси еден месец, процесите се деблокирани и исплатата може да почне.
За само еден ипол ден тутунопроизводителите ќе може да ги добијат средствата без какви било селективни процедури, постапки и калкулации, нагласи Николовски на прес-конференција во Владата.
Приоритет на Владата останува, рече зголемување на земјоделските површини, приносите и квалитетот на земјоделските производи.







