Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » По брзина на интернет сме рангирани на 78 место во светот
Економија

По брзина на интернет сме рангирани на 78 место во светот

јули 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државава според брзината на интернет е рангирана на 78 место во светот од страна на специјализираниот британски сајт за споредба на телекомуникациски услуги Cable.co.uk.

Просечната брзина на интернет во државава изнесува 7,97 мегабити во секунда (Mbps), а за преземање 5 GB филм се потребни 1 час 25 минути и 38 секунди. Лани бевме на 68. позиција со просечна брзина на интернет од 8,82 мегабити во секунда.

Од државите во регионот Словенија е на 27 место, Србија е 44-та, Хрватска на 49, Бугарија на 50, Грција на 57, Косово на 60. позиција…

Најбрз интернет во светот има во Тајван, по што следат Сингапур, Шведска,
Данска, Јапонија… На дното на листата, на 208. позиција, е Јемен.

Од топ 50-те држави со најбрз интернет, 37 се во Европа.

Просечната глобална брзина на широкопојасен интернет, измерена во мај лани до мај годинава изнесува 11,03 Mbps, што претставува раст за 20,65 проценти во однос на мерењата за претходната година.

„Со просечната брзина преземање HD филм со големина од 5GB во Тајван би требало да трае осум минути и две секунди, а над 30 часа во Јемен“, покажува истражувањето на Cable.co.uk.

(https://www.cable.co.uk/broadband/speed/worldwide-speed-league/)

Три четвртини од корисниците не ја знаат брзината на интернет.

Според истражувањето на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), споведено на крајот на мај годинава, три четвртини од корисниците на интернет во државава не ја знаат брзината што треба да ја добијат од операторот.

Голем дел корисниците на интернет, односно 66 проценти, не знаат и дека постои можност да се измери точната брзина што ја испорачува интернет-провајдерот.

Повеќе од една третина (38 проценти) од испитаниците што се свесни за таа опција ја проверуваат брзината на нивната интернет-конекција.

На само шест проценти од испитаниците опраторот им понудил софтвер или сајт за мерење на брзината на интернетот.

АЕК обезбедува две алатки со кои корисниците на услугите за интернет пристап можат самостојно да ја измерат брзината на услугата.

Добиените резултати се информативни.

Но, доколку измерените вредности при повеќекратно мерење со постапка спроведена според упатствата значително отстапуваат од брзината што ја понудил операторот и за
којашто е склучен договор, резултатите можат да бидат употребени и како дополнување на приговорот на корисникот кон операторот за неисполнување на договорните услови и необезбедување на услуга со соодветен, очекуван квалитет.

Апликации за мерење на брзината на интернетот

Критериумите за квалитет се дефинирани во Правилникот за контрола и мерење параметри за квалитет на услуга за интернет пристап преку јавни фиксни електронски комуникациски мрежи.

За да биде услугата квалитетна, потребно е да бидат исполнети сите критериуми.

Доколку корисникот смета дека услугата која ја добива не ги исполнува наведените
критериуми, може да поднесе приговор до операторот и притоа да ги приложите резултатите кои ги добил од мерењата со алатките од АЕК.

Тоа се две апликации, веб-сервис на адресата speedtest.aek.mk, за информативно мерење (Упатство) и самостојна десктоп апликација, за попрецизно мерење (Упатство).

Анкетата на АЕК покажува дека годинава споредено со лани, за пет проценти е зголемен бројот на корисници на интернет преку мобилен телефон кои рекле дека се задоволни во однос на брзината на услугата.

Одговор дека се многу задоволни дале 56.6 проценти од испотаниците, делумно се задоволни 35,2 проценти, делумно се незадоволни 5,9 проценти, воопшто не се задоволни 1,5 проценти.

Во државава 84,3 проценти од домаќинствата имаат интернет конекција, која преку Телеком ја обезбедуваат 39,8 проценти од корисниците, 30,5 проценти преку ВИП, по што следат Телекабел со девет проценти, Спајдер со 3,5 проценти и Кабел нет со 3,1 процент.

Околу 34 проценти од испитаниците кои имаат пристап до интернет контактирале со провајдерот поради прекин или недостапност на услугата.

Кај 86 проценти проблемот е решен истиот или следниот ден.

Повеќе од една четвртина или 28 проценти од домаќинствата со интернет-пристап
приговарале телефонски до провајдерот и во 89 проценти од случаите одговорот од операторот бил задоволителен.

Само 0,5 проценти упатиле писмен приговор.

МИА

78 место актуелно брзина на интернет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.