Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје1 Скопје по втор пат го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство да се замрзне имотот на субјекти кои се инволвирани во случајот „Талир“.
Постапувајќи по несогласност на судијата на претходна постапка, во врска со барањето за привремено одземање на имот поднесено од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), на најавена седница одржана на 27-ми овој месец согласно чл. 202 ст.3 од ЗКП донесоа решение со кое се уважува несогласноста на судијата на претходна постапка, при што од страна на судот не е еопределена предложената привремена мерка Забрана а на оттуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека, се наведува во денечното соопштение, од скопскиот Кривичен суд.







