Седницата на Стечајниот совет е закажана за 19. овој месец, а очекувањата се дека понудите ќе бидат прифатени и ќе започне исплатата кон доверителите
Како што неофицијално дознава „ПРАВОСУДСТВО.МК“, седницата на Стечајниоот совет е закажана за 19. мај, со почеток во 13 часот, и нема дилеми дека Советот ќе ги прифати најдобрите понуди кои биде доставени на аукциското наддавање. Според истите сознанија трите службени, редакциски возила, иако купени во ист ден, на аукцијата постигнале различна цена.
Имено, најниска цена била понудена за возилото на дневниот весник „Дневник“ коешто како лична сопственост го поседуваше тогашниот главен и одговорен уредник, Дарко Јаневски, а кој, во неколку наврати го оштети автомобилот, па наместо 7,5 обносно 6,5 илјади евра колку што било понудено за автомобилите на „Утрински весник“ и „Вест“, за ова возило највисоката понуда изнесува 4,5 илади евра.
Како што веќе објавивме, предмет на аукциска продажба, која се одржа на 23. минатиот месец, беа пет парчиња земјиште, стока која што е најдена на залиха, целокупниот имот на порталот „Телеграф“, три возила и седум комплети на дигитална опрема.
Инаку името на Дарко Јаневски се поврзува и со реакцијата на членовите на левичарското здружение „Солидарност“ и членови на политичката партија „Левија“. Имено, по објавата дека сите тие пријавиле побарувања, од стечајната маса, во висина од 169.339 денари, членовите на „Солидарност“ и „Левица“ со појаснување: „Должни сме да објасниме дека побарувањето кон МПМ е врз основа на тужба за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и навреда поднесена во мај 2016 година.
Тужбата беше поднесена од неколкумина наши членови и други левичари поради текст во авторство на Мирка Велиновска, објавен во месец април 2016 годинa во дневниот весник ‘Дневник’ под наслов ‘Нема правда нема мир – за да има пари’. Текстот содржеше повеќе клеветнички искази насочени кон
истакнати членови на „Левица“, меѓу другото во тој текст нашите членови беа обвинети дека земаат странски пари за да ја рушат тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Судскиот процес трае повеќе од две години и ние бараме материјална оштета од авторката Мирка Велиновска, тогашниот уредник Дарко Јаневски и издавачот на „Дневник“-Медиа Принт Македонија“.
Несомнено дека поднесителите на тужбата имаат право на такво нешто, но тие требало да знаат дека ним средства може да им се исплатат по добиена судска пресуда, а не за судење кое што е во тек, но вистина е и тоа дека со такви клеветнички текстви кои ги објавуваше „Дневник“ и нејзиниот главен и одговорен уредник дојде до драстичен пад на читаноста на тој весник и негово целосно згаснување.
Љубиша Станковиќ







