Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » По позитивниот Извештај на ЕК, политичките лидери очекуваат почеток на преговорите за членство
Македонија

По позитивниот Извештај на ЕК, политичките лидери очекуваат почеток на преговорите за членство

март 4, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Извештајот на Европската комисија, објавен во понеделникот, во кој се даваат позитивни оценки за напредокот на земјава и одново се препорачува отпочнување на преговорите за членство, го зајакна оптимизмот кај домашните политичари и кај странските дипломати дека Европскиот совет ќе донесе одлука за старт на преговарачкиот процес.

Премиерот Оливер Спасовски оцени дека Извештајот на Европската комисија е феноменален, одличен и ги потврдува напорите на Владата во спроведувањето на реформите, па според него, логично е да се очекува да се добие тоа што е заслужено, односно почеток на преговорите за членство.

– Во извештајот децидно стои дека Владата ги зајакнала своите напори во спроведувањето на реформите. Таму се констатира се она што беше направено, дадени се најпозитивни оценки за Северна Македонија, преземени се сите мерки кои што треба да бидат преземени во делот на реформскиот процес и тоа е добра основа, час поскоро да ги започнеме преговорите за членство со ЕУ, изјави Спасовски при вчерашната посета на граничниот премин Табановце.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров смета дека по позитивниот извештај од ЕК, време е Европа да испорача конкретна и одржлива одлука за почеток на пристапните преговори.

– Но, после искуството во изминативе две години, за жал, уште не можеме да си дозволиме да се израдуваме. Мислам дека треба да ја видиме прво конкретната одлука, изјави Димитров во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Според него, извештајот е повеќе од добар, одличен, бидејќи вели дека и покрај разочарувањето од октомври Северна Македонија ги зголемила, интензивирала напорите во реформите и испорачала опипливи и одржливи резултати.

– Сега имаме еден контекст каде состојките за успех се очигледни. Имаме мини извештај дека е време да почнеме пристапни преговори и се надевам дека Европа тоа ќе го искористи и таа да испорача. Ако ЕУ во ваков контекст не испорача, практично најголема жртва ќе биде политиката на проширувањето, односно ЕУ ќе даде сигнал дека вратата е затворена во еден регион кој е опкружен со земји членки и мислам дека таква работа нема да си дозволат, додаде Димитров.

Позитивни очекување за брз старт на преговорите имаат и водечките политичките партии. СДСМ смета дека позитивниот Извештај на Европската Комисија преставува потврда на успешните евроинтегративни политики на партијата и партискиот лидер Зоран Заев, додека ВМРО-ДПМНЕ оценува дека земјава заслужи да добие датум за отпочнување на преговори за членство во ЕУ многу порано.

Поттик на оптимизмот за старт на преговорите даде германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, кој оцени дека по позитивните оценки од Еврокомисијата за Северна Македонија и за Албанија, Германија се залага за брз почеток на преговорите за членство на двете земји во ЕУ.

– Двете земји направија јасен прогрес во клучните реформи области, особено во зајакнувањето на судскиот систем и борбата против организираниот криминал. Ние ги споделуваме позитивните оценки на Европската комисија. Затоа се залагаме за брз старт на преговорите за членство во ЕУ. Пристапните преговори се најдобрата алатка што може да им се даде на Албанија и на Северна Македонија и најдобрата можна поддршка на за понатамошен напредок, оцени Мас.

Амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар смета дека Северна Македонија ја заврши својата задача и сега на ред се земјите членки, но мисли дека ѕвездите се местат и се надева конечно да види одлука за старт на преговорите за членство.

– Вашата земја ја заврши својата задача, спроведувајќи ги сите реформи, вклучително и усвојувањето на Законот за јавно обвинителство, така што сега на ред се земјите членки. Се е на маса и тие ќе мора да разговараат и да донесат одлука. Се воздржувам од преголем оптимизам затоа што никогаш не се знае ако некое ново прашање од некоја страна ги наруши дискусиите… Но, во моментов мислам дека ѕвездите се местат и се надеваме конечно да видиме позитивен резултат, нагласи Жбогар во интервју за ТВ24.

Според него, сите земји членки на Унијата се задоволни од методологијата за преговори, па затоа не очекува големи проблеми околу нејзиното усвојување до Самитот на ЕУ на 26 март, на кој би требало да се разговара за носење одлука за старт на преговорите за членство со земјава и со Албанија.

Жбогар смета дека ЕУ не сака да и се повтори искуството од Самитот во октомври и не ќе може да си дозволи уште една средба на Европскиот совет без одлука за старт на преговорите.

Францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние на вчерашната средба со премиерот Оливер Спасовски истакна дека Франција со оптимизам гледа на извештајот на Европската комисија, како и на методологијата за проширување како охрабрувачка основа за донесување одлука за старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија.

Во очекување на Самитот на ЕУ кон крајот на месецов, утре Комисијата за европски прашања на холандскиот Парламент ќе расправа за проширувањето кон Западниот Балкан. Станува збор за „процедурална средба“ на парламентарната Комисија за европски прашања на која пратеници ќе „одлучуваат за начинот на кој ќе се третираат“ разни документи, вклучително и „владини ноти“ за проширувањето на ЕУ и за Западниот Балкан.

Европската комисија во извештаите објавени во понеделникот, нагласува дека Скопје и Тирана ги исполниле критериумите за почеток на преговорите и оти очекува Советот на ЕУ во наредните недели да донесе позитивна одлука за нивни старт.

Во извештајот за земјава се нотира напредок во клучните реформски области, како судството, судењата за висока корупција, вклучително и случајот со СЈО, безбедноста и јавната администрација.

Документот заклучува дека со оглед на „значајниот остварен напредок и исполнувањето на условите едногласно поставени од Советот во јуни 2018, Комисијата препорача во својот пакет за проширувањето во 2019 дека Советот треба да започне преговори со Северна Македонија. Општо земено, Северна Македонија ги зголеми своите напори и испорача опипливи и одржливи резултати во клучните области“. Оттука, Европската комисија порачува дека оценката од 2019 не е променета и дека Северна Македонија треба да започне преговори со ЕУ.

Се очекува Европскиот совет да донесе одлука за старт на преговорите на 26 март, пред самитот „ЕУ – Западен Балкан“, што во мај ќе се одржи во Загреб.

актуелно ЕК извештај
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.