Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » По распитот на Јанева за „Рекет“, нема новоосомничени
Истраги

По распитот на Јанева за „Рекет“, нема новоосомничени

август 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вели дека не чувствува вина за случајот „Рекет“, но на петчасовниот распит вчера во Обвинителството за организиран криминал за случајот беше во придружба на адвокатот Стеван Павлевски.

Шефицата на СЈО во оставка Јанева, на влез во ЈО, пред новинарите изрази очекување дека нејзиниот исказ ќе помогне да се забрза истрагата за „Рекет“ и потсети дека таа се уште е специјален обвинител и дека нејзините колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд.

По петчасовниот распит во ЈО, иако Јанева пред новинарите застана расположена за зборување, поголемиот дел од комуникацијата беа новинарските прашања.

Јанева рече дека „засега не може и не смее“ да каже дали е нејзиниот гласот на објавената видео снимка со Јордан Камчев, дека „не знае“ дали истрагата ќе се прошири и на неа, како и дека „не знае“ дали има инволвирано некој политичар во случајот и дека „има време да се објасни“ зошто предложила спогодба за осомничените за „Империја“ и „Поштенска банка“.

Досега во врска со случајот во Обвинителството искази дадоа во својство на сведоци тројца обвинители од СЈО Лиле Стефанова, Елизабета Јосифоска и Бурим Рустеми, но како единствени осомничени се уште се Бојан Јовановски и Зоран Милески, кои се наоѓаат во притвор.

На распит во ООК беше донесен и второосмничениот Зоран Милески – Кичеец, како и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Под сомнение за изнудување пари Бојан Јовановски и Зоран Милески беа уапсени на 15 јули, по што им беше одреден притвор. Случајот доби и интернационална димензија, откако интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“ во 8 август објави видео снимка, а подоцна и снимени разговори во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

актуелно Јанева новоосомничени распит
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.