Американската водителка Опра Винфри изјави дека принцот Хари и потенцирал дека ниту кралицата Елизабета, ниту војводата од Единбург не се оние кои го поставиле прашањето за бојата на кожата на неговиот син.
Британскиот принц Хари (36) и неговата сопруга Меган Маркл (39) беа гости во шоуто во Опра Винфри, каде ги открија деталите за животот во Бакингемската палата, објавија светските медиуми.
Меган, чија мајка е афроамериканка и чиј татко е бел, рече дека додека била бремена и го чекала раѓањето на нејзиниот син Арчи (2), палатата изразила „загриженост за тоа колку ќе му биде темна кожата кога ќе се роди“ .
По ова интервју за Си-Би-Ес Њуз, Опра Винфри рече дека „принцот не и кажал кој зборувал за тоа“.
„Тој не ми го откри идентитетот на таа личност, но сакаше да биде сигурен дека знам и дека ако имам можност да кажам дека тоа не биле неговата баба или дедо“, изјави водителката.
Таа додаде дека се обидела да извлече одговор кога биле исклучени камерите, но дека принцот не рекол ништо повеќе.







