Судот во Москва ги осуди на по 15 дена затвор четворицата членови на панк групата „Пуси Рајот“ кои истрчаа на теренот за време на финалниот натпревар на Светското првенство во Русија меѓу Франција и Хрватска.
Три жени и еден маж од групата, облечени со лажни полициски униформи, втрчаа на фудбалското игралиште на почетокот на второто полувреме додека претседателот Владимир Путин и останатите високи гости беа на стадионот „Лужники“.
Освен што добија по 15 дена затвор, четворицата немаат право да присуствуваат на спортски настани во наредните три години.








