Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Празнувај одговорно!“–без прослави, собири и групирања
Во Фокусот

„Празнувај одговорно!“–без прослави, собири и групирања

декември 16, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во периодот од 18 декември до 20 јануари на полнок угостителските објекти да работат до 18 часот наместо како досега до 21 часот, забрани за организирање новогодишни и предновогодишни прослави на отворен и затворен простор, препорака до верските заедници да не повикуваат на масовни групирања за претстојните верски празници, како и препорака до општините и работните организации да не организираат прослави.

Ова е предвидено со новиот пакет-мерки кои ги усвои Владата на предлог на Комисијата за заразни болести, а со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 за време на празниците.

Се препорачува да нема групирање на граѓаните во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи, се забранува групирање на јавен простор на повеќе од четири лица, се забранува групирање по паркови и други јавни места на повеќе од четири лица и доколку немаат потреба граѓаните да не ги напуштаат домовите по 18 часот.

Владата и Министерството за здравство вчера на прес-конференција ја промовираа кампањата „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.

„Соочени со нов предизвик во битката со Ковид-19,соочени со изборот да продолжиме со превентивните политики и со чекори за излез од кризата сега кога вакцината е на чекор до нејзината испорака или да влеземе во ризик за неодговорно празнување на новогодишните празници, кои се пред нас, Владата одлучи да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за нов пакет рестриктивни мерки за периодот од 18 декември до 20 јануари на полноќ. Да издржиме сите уште малку со ваквите рестрикции и да не дозволиме со празнување да ескалира состојбата. Мерката носи име „Празнувај одговорно!“, а целта е заштита од Ковид-19 во предвечерието на вакцинацијата. Секој од нас е повикан да биде одговорен за да не се предизвика нов бран на епидемијата, токму сега кога пред нас е вакцинацијата, по која целиот свет
би требало да се врати во нормала“, истакна премиерот Зоран Заев.

Тој посочи дека ќе ја прими ковид вакцината со цел преку личен пример да даде поддршка во напорите за сузбивање на Ковид-19.

„Штом биде достапна вакцината во земјава први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други на првата линија во борбата со пандемијата, а потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и останатите на приоритетната листа утврдена од здравствените власти. Потоа како и многумина граѓани ќе се вакцинирам и јас, затоа што сакам со свој личен пример да дадам поддршка во напорите за сузбивање на Ковид-19“, рече Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата рече дека состојбата со коронавирусот е стабилна, но и натаму е многу критична со оглед на бројот на заболени и хоспитализирани.

„Слободни кревети има во континуитет, а факторот на преносливост е под еден по извесен период. Но, тоа не треба да не опушти и не смееме да си дозволиме еден поинаков пристап доведе до влошување на ситуацијата. Потребно е сите заедно да бидеме одговорни за важноста на овие мерки и да не дозволиме убавите мигови во семејството да се претворат во лоши спомени. Овој празничен период да прославиме
одговорно, да ги почитуваме мерките и да мислиме на своето и на здравјето на нашите најблиски. Славењето може да почека, здравјето не“, порача Филипче.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски вели дека не може да се забранaт прослави, но оти прославувањето мора да биде одговорно, без поголеми групирања и со луѓе кои во изминатиот период ги почитувале мерките.

Во врска со вакцините против Ковид, Филипче посочи дека ќе бидат бесплатни за сите граѓани, а приоритет ќе имаат здравствените работници, постарите граѓани над 60 години и пациентите со хронични кардиоваскуларни и белодробни болести.

„Апелирам граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести и бројните дезинформации во однос на вакцините. Вакцините се безбедни, тестирани, ја поминале вообичаената фаза и на развој, тоа се практично истите платформи на кои се развиваат вакцините за сите други болести и секако административната дозвола подразбира контрола на многу процеси во делот на производство и секако клиничките студии. Примарната цел е заштита на населението и пред се намалување на смртен исход од заболувањето со Ковид-19“, рече Филипче и додаде дека засега не се препораува вакцинирање на деца и луѓето кои имаат прележано Ковид и имаат антитела.

Бројот на новозаболени од Ковид-19 во државава деновиве бележи благо намалување.

Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство за претходното деноноќие, регистрирани се нови 881 случај со Ковид-19, починати се 22 пациенти, а оздравени се 806 пациенти.

На инфективните оддели во болниците низ земјава се лекуваат 1302 позитивни и суспектни на коронавирусот и има околу 190 празни кревети во ковид центрите.

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 74732, оздравени се 50852, починаа 2169, а во моментов активни се 21711.

„Празнувај одговорно!“ актуелно групирања прослави собири
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.