Премиерот Зоран Заев на затворена седница на Комисијата за надворешна политика го презентираше нацрт-договорот за добрососедство со Бугарија.
На седницата присуствува и претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Пратениците првпат имаат увид во договорот што Заев го најави по средбата со бугарскиот колега, Бојко Борисов, при посетата на Софија на 20 јуни.
Пред да почне седницата пратениците гласаа дали таа да биде затворена или отворена за јавност.
Заев кажа дека е потребно да се отвори расправа за нацрт-договорот во функција на градење заеднички национални консензуални политики од интерес за сите граѓани.
Тој додаде дека се очекува договорот да биде заокружен на 1 август, а потпишан на 2 август.







