Пратениците од Долниот дом на италијанскиот парламент доцна вчеравечер изгласаа доверба на новата влада на премиерката Џорџа Мелони.
За доверба на коалициската влада на Мелони гласаа 235 пратеници, додека 154 беа против, а пет беа воздржани.
Горниот дом на италијанскиот парламент денеска ќе гласа за доверба на новата влада.
Мелони вчера во своето прво обраќање пред парламентот рече дека новата италијанска влада се соочува со едни од најтешките предизвици од Втората светска војна.
Таа истакна дека нејзината националистичка, десничарска коалиција ќе го слушне нејзиниот глас во Европа и дека не и треба никаков надзор од странски влади.
Патем, нагласи дека ќе ја продолжи политиката на поранешниот премиер Марио Драги во поддршката на Украина во конфликтот со Русија.
(Фото: АП)







