Избраниот претседател на Франција, Емануел Макрон го имаше првото официјално појавување. Тој со претседателот во заминување, Франсоа Оланд, присуствуваше на комеморација по повод Денот на победата во Втората светска војна, пренесува АП.
Францускиот Уставен суд до четврток ќе ги објави официјалните резултати од вториот круг на претседателските избори на кои Макрон ја порази кандидатката на ултрадесницата Марин Ле Пен.
Се наведува дека инаугурацијата на Макрон ќе биде одржана кон крајот на неделата во Јелисејската палата, точната дата сеуште не е одредена, но таа церемонија мора да биде одржана пред формалното завршување на мандатот на Оланд на 14 мај.
Кога официјално ќе стане претседател, Макрон ќе мора брзо да го одреди новиот премиер и да ја формира владата, а овој процес обично трае неколку денови.







