Првото бебе во Македонија за годинава е женско, родено 12 минути после полноќ во Битола.
Битолскиот градоначалник Владимир Талески на родителите им подари 10.000 денари.
По десет илјади денари од Талески добија уште три бебиња, и тие женски, сите родени во Новата година.
Во Скопје, пак, првото бебе е машко, родено е во 4,15 часот во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. Тешко е 3 килограми и 400 грама и долго 53 сантиметри. Тоа е првородено дете во семејството Нуредини Рамадан Хикмет.
Министерот за здравство Никола Тодоров, министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски денеска го посетија првото родено бебе во Новата 2017 година.
Тодоров, Ибрахими и Трајановски на вработените во болницата им ја честитаа Новата година, а на мајката и бебето им дадоа пригодни подароци.
Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ денеска ја посети и министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, кој на Нуредини Рамадан Хикмет и го честиташе новороденото машко бебе и притоа, и на мајката и на бебето им додели подароци.