Фудбалскиот клуб Форест Грин реши да направи револуционерен потег и да ја назначи Хана Дингл за главен тренер.
Дингли следната сезона ќе го води Форест Грин во четвртата лига на Англија.
Таа го презеде кормилото на клубот по отказот на Данкан Фергусон, кој „успеа“ да го турне клубот од третата во четвртата лига.
Таа доби договор на шест месеци, а доколку управата на клубот биде задоволна од нејзината работа, тој договор ќе и биде продолжен.
Со овој потег таа стана првата жена која ќе води машки професионален тим во Англија. „Навистина сум возбудена поради овој чекор во мојата кариера“, изјави Дингли, која има професионална тренерска лиценца од УЕФА.







