Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Преговорите со Северна Македонија и Албанија на дневен ред на министрите на ЕУ
Македонија

Преговорите со Северна Македонија и Албанија на дневен ред на министрите на ЕУ

февруари 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брисел ќе разговараат за новата методологија за пристапни преговори предложена од Европската Комисија (ЕК), но нема да носат заклучоци додека не се објават извештаите за реформскиот напредок на Скопје и Тирана.

На дневниот ред на Советот за општи работи на ЕУ денеска се предвидени опширни дискусии за претстојниот лидерски самит и за преговорите за идното партнерство на ЕУ и Обединетото Кралство.

Откако ќе завршат овие дискусии, министрите предвидуваат информациска точка посветена на новата методологија за проширување што ја објави Европската Комисија пред неколку седмици. Се очекува да биде повторено дека реформата на оваа методологија треба да се одвива паралелно со отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, но нема да можат да се носат никакви заклучоци сѐ додека земјите членки немаат увид во извештаите на ЕК за реформскиот напредок.

Овие извештаи треба да бидат објавени идната недела, најверојатно помеѓу втори и петти март, според информациите добиени во Советот на ЕУ.

Северна Македонија ги исполни сите формални критериуми, а со носењето на законот за Јавно обвинителство, властите се надеваат дека на маса ќе биде уште еден аргумент во полза на отпочнувањето преговори во текот на оваа година.

Останува неизвесно како ќе се постават Холандија, Данска и Франција, кои се противат на проширувањето засега. Холандија и Данска имаат посебно резерви кон Албанија, но со оглед на тоа дека Франција, но и други земји, одбиваат одвојување на Скопје и Тирана, Хаг и Копенхаген не би имале избор освен повторно да блокираат. Во овој контекст е важно како ќе се произнесе холандскиот парламент по објавувањето на извештаите за реформскиот напредок.

Како и во октомври минатата година, владата на Холандија мора да го почитува ставот на парламентот. Тогаш холандските пратеници се изјаснија за почеток на преговорите со Северна Македонија, но не и со Албанија, поради што Хаг ги блокираше и двете земји, бидејќи преовладеа ставот дека не може да се одвојат двете кандидатки.

Емануел Макрон подоцна објасни дека одвојувањето на двете земји би било „опасно“ и би имало негативни последици за целиот регион.

актуелно албанија преговори северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.