Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Предвремени избори нема да има, приоритети се пописот и локалните избори
Македонија

Предвремени избори нема да има, приоритети се пописот и локалните избори

февруари 11, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Премиерот Зоран Заев вчера уште еднаш го повтори ставот дека предвремени избори нема да има. Тоа што мора да се спроведе, рече Заев, е пописот, а приоритет се и редовните локални избори.

Вонредните парламентарни избори нема да сменат ништо, само може да ги закочат развојните процеси на државата, оцени претседателот на Владата и порача дека избори треба да има, но во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што има во СДСМ. Земјава сега, потенцира, треба да се фокусира на пописот и да го реализира без одлагање, од 1 до 21 април како што е предвидено, зашто во лето, напомена, никаде не се прави попис, во септември ќе биде кампањата за локалните избори, а во октомври се локалните избори.

Но, ако евентуално партиите се договорат, Државната изборна комисија е подготвена да ги спроведе двата процеса – и редовните локални и вонредните парламентарни избори. Како што оцени претседателот на ДИК, Александар Даштевски, тоа би ги скратило и трошоците.

-Тврдам дека нема да има предвремени парламентарни избори. Не знам кои космонаути гледаат од Месечината и како тоа ќе се случува, но јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има, зашто не носат ништо добро на државата. Впрочем и да има тие нема ништо да променат само можат да ги закочат развојните проекти, рече Заев, според кој, избори треба, мора и ќе се случат, но во 2024 година.

Земјава, додаде Заев, помина низ неколку фази на вонредни парламентарни избори и само изгуби.

-Кога се случуваат вонредни избори застанува буквално се во државата, највеќе економијата. Се случија огромни работи во државата со сериозни историски одлуки и сето тоа е заради убавата економска иднина која сакаме да ја доживеат нашите граѓани. Повисок економски стандард, повисоки плати, нови работни места, раст на севкупниот бруто домашен производ, нови инвестиции, буквално нов квалитет на живот. Ова мора сите заедно да го изработиме за да го постигнеме. А може и да го прекинеме со вонредни парламентарни избори. Зошто?, праша Заев.

Тој подвлече дека избори треба да има, но редовни.

-Ако има избори сега ние наместо 46 ќе имаме 50 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ ќе има 40 пратеници и веројатно ќе ми е полесно како претседател на Владата, но ќе изгуби државата најмалку шест месеци, рече Заев.

Во однос на тврдењата за ново мнозинство во Собранието, премиерот истакна дека дали некој ќе оди со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зависи од тоа во чии заложби верува.

– Дали некој ќе оди со господинот Мицкоски тоа зависи од тоа дали верува во заложбите за кои тој се залага, а тоа е блокирање, мрчење, одложување, кочење или слично и последиците и конекциите од режимот. Кој тоа од коалициските партнери на Заев верува во тоа? Нека го каже. Нема таков. Истовремено дали од неговите коалициски партнери и неговите пратеници веруваат во ваквите политики и проекти, тоа е исто така гаранција дали некој ќе помине од опозоцијата во владејачкото мнозинство. Од тоа зависат работите дали пратеници ќе се одлеат од власта во опозоцијата или од опозицијата во власта, рече Заев.

Осврнувајќи се на локалните избори, премиерот напомена дека некои од актуелните градоначалници може повторно да бидат кандидирани. Тој лично, рече, ќе застане зад нивните кандидатури.

-СДСМ ќе излезе со најдобрите можни кандидати. Лично јас имам свои ставови. Она што можам да кажам во моментот е лично како претседател на СДСМ ќе застанам зад неколку кандидати заради тоа што имам свој личен впечаток, што не значи дека ќе биде и конечна одлука бидејќи имаме јасни и статутарни определби како се прави тоа, рече Заев.

Тој е исклучително задоволен од работата на градоначалниците на Валандово, Богданци, Демир Капија, Конче, Кочани, од новиот градоначалник на Штип, на Старо Нагоричане, Крушево, Маврово Ростуше…

– Сигурно има и други општини. Но, тоа е само мој личен став. Ова го кажувам за да ги охрабрам да продолжат успешно да работат, но и да испратам порака до сите други да си ги завршат своите програмски ветувања кои им се дадени, рече премиерот и лидер на СДСМ.

Тој исто така рече дека постапките за селекција и избор на кандидати за локалните избори во СДСМ ќе се одвиваат во мај и јуни и оти тогаш конечните одлуки ќе ги носат органите на партијата, за оние кандидати што ќе бидат од СДСМ.

Заев потенцираше дека крајната одлука сепак ја имаат граѓаните на изборите.

Во врска со пописот, потсети дека тоа е граѓанска обврска и должност, но и огромна потреба за натамошен развој на земјата, базиран на реални бројки и показатели. Ако сме држава, потенцира, тогаш треба така и да се однесуваме. Во Северна Македонија, потсети, 20 години нема попис.

-Работиме овде во Владата, во општините, градоначалниците, сите јавни државни и локални претпријатија, сите приватни фирми, па дури и целиот наш народ во магла, во матно. Не ги знаеме бројките, не знаеме колку сме, каде сме распоредени, како сме поставени соодветно, кои ни се индустриските параметри, кои ни се основните ресурси и каде тоа дава сериозни индиции за максимилизација на економскиот раст и развој на државата. Пописот е статистичка операција што мора да ја направиме, тоа е наша должност. Пописот е од 1 до 21 април како што е предвиден и тој треба да се заврши. Иако се испрати апел дали треба нешто да се промени, уште еднаш повторувам – летото никаде не се прави попис, септември е кампања за избори, октомври се редовните локални избори. Ако одложуваме, кога? До мај да одложуваме? Што ќе смени тоа? Така што треба да се фокусираме сите одговорно да излеземе да го завршиме пописот, нагласи премиерот.

Заев дополни и дека власта е отворена за сите прашања, низ дијалог да се решаваат работите, како и дека е добро секогаш да се гради консензус каде што е возможно.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека власта во пописот гледа политичка операција која е коалициски договор и надвор од ЕУ стандардите.

-Власта го политизира пописот по два основи. Прво самите претставници на власта почнаа со лицитирање проценти кој и колкав процент треба да биде за пописот да биде признаен или непризнаен и второ, власта, по директива на Заев ја одби и граѓанската иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за поништување на овој неевропски Закон за попис. Со тоа власта на Заев покажува дека се плашат од граѓански потписи бидејќи Заев и неговите министри се многу свесни дека големото мнозинство на граѓани во Македонија се сомнева дека овој попис ќе биде политички фалсификат наместо да биде веродостојна статистика. Во спротивно, ќе прифатеа граѓаните на регуларен начин преку Министерството за правда да ги соберат потписите за спротивставување на ваквиот Закон, рече пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ, сепак, нагласи Милошоски, ќе ја почне иницијативата на собирање потписи.

-И покрај ваквите институционални пречки, ќе ја почнеме натпартиската иницијатива. Ќе може да се потпише секој граѓанин што се залага за фер, европски и веродостоен попис и секој граѓанин што е против политички попис што води кон фалсификат. Кога ќе дојде време, ќе ги соопштиме и пунктовите и местата каде што секој граѓанин ќе може да го даде својот потпис. Потписите заедно со иницијативата на пратениците ќе значат сериозна, легитимна операција, проект што ќе биде доставен до Собранието со сериозна граѓанска тежина преку која ќе се утврди дека власта има сериозна опозиција кај самите граѓани кои што не и веруваат на власта дека е спремна да спроведе статистички и европски попис, напомена Милошоски.

Иницијативниот одбор вчера закажа вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за 28 март, со две главни точки: отчет за сработеното на актуелниот претседател Христијан Мицкоски и гласање доверба, но, вечерта, Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која ја отфрли ваквата иницијатива и одлучи редовниот партиски конгрес да се одржи во ноември.

актуелно избори предвремени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.