Oпштина Карпош на Бирото за јавни набавки објави тендери за изведба на 9 енергетски фасади на постари станбени објекти.
За четири од нив ќе биде организирано отворање на јавните понуди од доставените фирми на 25 септември, на првиот ден од изборната кампања за локалните избори. Меѓу фасадите на коишто ќе се интервенира се вклучени и четири станбени објекти лоцирани на улицата „Петар Чајковски“.
Од СДСМ го предупредија градоначалникот Стевчо Јакимовски дека спроведува кампања спротивна на Изборниот законик.
Социјалдемократите најавија пријава за поставувањето камен-темелник за новата градинка во населбата Бардовци.







