Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Предлогот за интерпелација на вицепремиерот Димитров пред пратениците
Македонија

Предлогот за интерпелација на вицепремиерот Димитров пред пратениците

февруари 1, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Собранието денеска треба да ја започне 30-та седница на чиј дневен ред се 50-тина предлог-закони за изменување и дополнување на постојни закони, како и интерпелацијата за работата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, поднесена од опозицијата.

Оваа седница првично беше закажана за 18 јануари, но тогаш не беше утврден ниту дневниот ред поради тоа што власта немаше кворум за гласање, бидејќи еден пратеник од владејачкото мнозинство беше позитивен на коронавирус, а уште еден бил тестиран и за него се чекаа резултати.

Опозицијата тогаш не присуствуваше на седницата, а владејачкото мнозинство таквото однесување го оцени како недржавничко, особено, како што рекоа, што на оваа седница, меѓу другите, се измени на Законот за лекови, поврзани со вакцинацијата против КОВИД-19.

На ова реагираше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој истакна дека неприсуството на опозицијата на седницата е резултат на, како што рече, недемократското однесување на мнозинството во Парламентот. Се додека не го смените начинот и односот со опозицијата, се додека законските решенија не се ставаат на матичните комисии каде треба и се додека избегнувате демократска дебата, нагласи Мицевски, ќе наидувате на отпор согласно алатките што ни стојат на располагање.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери по дискусиите на Мицевски и Митрески ја прекина седницата со образложение дека нема деловнички можности за работа. Во врска со отсуството на опозицијата Џафери рече дека тоа што пратениците одбиваат да влезат на седница, иако се потпишани, е нивно легитимно право. За тоа, рече Џафери, формално не се одговорни пред мене туку одговараат пред вас граѓаните. Последната одлука за тоа, потенцира претседателот на Собранието, ќе ја имате вие.
Меѓу предлог-законите на дневен ред на оваа седница се и оние за изменување на законите за еднакви можности на жените и мажите, за заштита од вознемирување на работно место и за употреба на знаковниот јазик, како и на законите за практиканство и за волонтерството, сите по скратена постапка.

Пратениците по скратена постапка ќе расправаат и за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за вработување на инвалидни лица и на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, како и на Предлогот на закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија.

На дневниот ред на оваа седница се и повеќе законски измени од сферата на јавното здравство, трговијата, финансиите, културата и науката, како и предлозите на законите за изменување на Законот за заштита од бучава мво животната средина и на Законот за животната средина.

Пратениците треба да расправаат и за измениа на Законот за заштита од експлозивни материи, Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, Законот за странци, Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови и на Законот за полиција.

Со европско знаменце на дневен ред на оваа седница се поставени Предлогот на закон за развој, производство и промет на воени стоки, Предлогот на закон за лобирање и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, сите во прво читање.

актуелно димитров интерпелација предлог
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.