Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ „БЕЛ ШТРАЈК“: Хрватските судии бараат поголеми плати
Балкан

ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ „БЕЛ ШТРАЈК“: Хрватските судии бараат поголеми плати

мај 8, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во хрватските судови денеска почна т.нбел штрајк на судиите, кој Здружението на хрватските судии го нарекува мерки за предупредување поради недостаток на дијалог со извршната власт во врска со зголемувањата на платите и наведува дека во него ќе учествуваат две третини од првостепените судии.

„За време на белиот штрајк, кој ќе трае до 19 мај, судиите нема да работат во е-списите, нема да се врши регистрација на нови правни субјекти, решенија за наследство или развод на брак“, истакна претседателката на еден од загрепските ограноци на Синдикатот, Весна Хорват.

„Сепак, итните предмети ќе се решаваат без одлагање“, посочуваат од здружението на судии кое за мерките за предупредување одлучи на седницата на управниот одбор на 3 мај.

Тогаш беше најавено дека за време на траењето на „белиот штрајк“, судиите кои ги спроведуваат предупредувачките мерки ќе бидат на работното место и ќе извршуваат други работи во рамките на судиската должност во текот на целото работно време.

Но, ќе ги одложат „сите дејствија во првостепената постапка, освен во итни случаи во кои може да настане непоправлива штета“.

Исто така, во овој период ќе се одржуваат седници на советот во второстепена постапка, но решенија нема да се испраќаат освен за итни предмети.

Во здружението на судии очекуваат дека ќе ги поддржат 70 отсто од првостепените судии, а посочуваат и дека имаат поддршка од државните правобранители кои неодамна предупредија дека „материјалните права“ на судските службеници не се корегирани уште од 2009 година.

Откако беше повикано на „бел штрајк“, највисоката судска инстанца – Врховниот суд – потврди дека за „настанатата несакана ситуација“ во голема мера е одговорна извршната власт „со својата политика на наметнување на судската власт на бројни суштински и важни, а неповолни услови за живот и работа“. Посочуваат и дека при донесувањето на тие одлуки во целост било игнорирано мислењето на Врховниот суд.

Министерот за правда и администрација, Иван Маленица, пак, рече дека се свесни за проблемите со платите на судиите и другите судски службеници, нагласувајќи дека поради оваа причина иницирале измени на законот за плати на судиите и другите судски службеници.

Пред владината седница во четврток, Маленица рече дека министерството предлага зголемување на коефициентот и основицата за сите судски службеници и дека месечното зголемување на платата за првостепените судии ќе изнесува 513 евра.

Со предлогот на министерството, кој влегува во процедура, ќе се зголеми коефициентот за судските службеници од 3,54 на 4,21, основивата за сите судски службеници за 8 отсто, со додавање на одредени материјални права кои судиите досега ги немаа.

актуелно Плата суд судии хрватска штрајк
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.