Еден француски војник ја запроси својата девојка да стапат во брак, непосредно пред да замине на парадата со својот полк на Елисејските полиња, јави дописникот на МИА.
Предлог за брак што таа ќе го запомни. На Елисејските полиња, на коцката под Триумфалната капија, непосредно пред парадата на 14 јули, еден војник облечен во униформа на Воената школа на аспирантите од Коеткидан, клекна на колено пред видно емотивно и изненадена свршеница; „Да, знаев“, прошепоти еден од снимателите на военото дефиле.
Со бели ракавици, тој и го стави прстенот на прстот на својата идна сопруга. Стана и ја бакна со извици на одобрувања од толпата и неговите другари.
„Честитки“ на младите свршеници им посака и Армијата на својот профил на Твитер.
„Нашите тимови дискутираа со него и беа трогнати од неговата приказна, отидоа да ја побараат неговата девојка од другата страна на оградата за да може да го даде својот предлог за брак во стилот на армија“, прецизира Министерството на армијата.