Во паркот на новинари пред Министерство за образование и наука, денеска ќе биде потпишан „Нов договор за образование и млади” – Декларација за младите, образованието и иднината помеѓу Универзитетските студентски собранија на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“, „Мајка Тереза“, „Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“ и претставници на политичките партии.
„Потребата од ваков документ, во кој се содржани политики и мерки во однос на образованието и студентите, се јавува поради три причини: состојбата на високообразовниот систем во Северна Македонија, односот на политичките субјекти кон образовниот систем во целост и кон младите и воспоставувањето на функционален систем на студентско организирање“, велат од УСС-УКИМ