Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Преку организиран државен протокол телата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија, ќе им бидат предадени на семејствата
Македонија

Преку организиран државен протокол телата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија, ќе им бидат предадени на семејствата

ноември 30, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Телата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија во која настрадаа наши сограѓани, авионски ќе бидат донесени во петок, а преку организиран државен протокол останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови. Во текот на вчерашниот ден уште тројца од повредените пациенти кои се лекуваа во болницата „Пиргов“ во Софија, се вратија во државава.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера информираше дека предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во автобуската несреќа ќе биде направено преку организиран државен протокол.

– По остварениот разговор со бугарскиот обвинител од Софија, надлежен за трагедијата од 23 ноември, г-дин Сарафов, сакам да ја информирам јавноста дека е донесена одлука за предавањето  на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа, во четврток 2 декември. Владата на Р. Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Р. Бугарија, додека од меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол истиот или наредниот ден петок 3 декември, останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови, објави на својот Фејсбук профил Османи.

Од болницата „Пиргов“ во Софија, вчера беа отпуштени маж и неговата сопруга, кои беа повредени во автобуската несреќа. До сега, како што јави дописникот на МИА од Софија, пет македонски државјани се отпуштени од болницата, а на лекување остануваат уште двајца.

Двајцата пациенти од автобуската несреќа во Бугарија кои беа хоспитализирани на Клиниката на пластична хирургија во Скопје, вчера беа пуштени на домашно лекување.

Истрагата за автобуската несреќа што се случи на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 македонски државјани, а седуммина беа повредени, продолжува.

Шефицата на одделението за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за телевизија „Телма“ рече дека ги сослушувала сите возачи. Според неа, сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу, бил во еден од автобусите кои се враќале од Истанбул, како втор возач, но сите четири автобуси не возеле во конвој, туку разделени па не ја виделе несреќата.

Со сопственикот Хаџиу, Русковска рече дека разговарала на местото на несреќата, каде тој и рекол дека не е пренесувана никаква запалива материја во автобусите.

– Беше видно вознемирен и потресен. Го прашав дали носеле резервни канти со гориво. Вели дека нема шанси тоа да се случило. Ова беше неформален разговор, тука на самото место на настанот. Дали случајно можеби некој патник да купил пиротехнички средства, бидејќи се ближи Нова година, исто беше дециден дека одговорот е не. И толку беше нашиот разговор, изјави Русковска.

Во однос на прашањето како било возможно автобусот да изгори толку бргу, обвинителката Вилма Рускоска, изјави дека врз основа на информациите од бугарските истражители, за некои испитувања е потребно повеќе време.

– Инаку јас тоа точно го видов, баш го имам и сликано, делот фактички од кај што е почнат пожарот, а тоа е багажниот простор кој се наоѓа над резервоарот на автобусот. Затоа што на автобусите, резервоарите се напред, изјави Русковска.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Хаџиу во интервју за БНТ ја отфрлил можноста некои од патниците да внесувале запаливи материи. Тој потврди дека и тој и неговото семејство биле дел од патувањето, но патувале со други автобуси. Неговите деца биле во последниот автобус.

Хаџиу рече дека автобусот бил произведен во 2007 година, но бил купен од неговата компанија пред околу три години.

Според сопственикот, досега немало технички проблем со автобусот. Од Република Северна Македонија тргнале четири автобуси. На враќање од Турција, во автобусот кој се движел прв патувал тој и неговата сопруга и на бугарско-македонската граница, на излез од Бугарија, дознал дека неговиот автобус излетал и со такси тргнал на местото на несреќата. Кога пристигнал, со часови останал на местото на настанот.

Хаџиу одби да ја коментира верзии за несреќата бидејќи истрагата е во тек, но посочи дека три недели пред несреќата автобусот поминал на технички преглед во С. Македонија и додаде дека пред секое патување, сите возила на компанијата „Беса транс“ поминуваат низ сервис.

– Пред да тргнеме за Турција ги сервисираме, контролираме, па дури и кога ќе стигнеме до Истанбул и таму одиме на сервис да ни проверат, превезуваме патници, да видиме каква е состојбата. Се беше во ред таму, а ако нешто не е ни кажуваат веднаш да го поправиме, објасни сопственикот на „Беса транс“.

Тој меѓутоа рече дека во автобусот немало канистри со гориво бидејќи бензинот што го наполниле во Истанбул бил доволен за да одат до Скопје, а потоа да се вратат во Истанбул. Поради темелните проверки на бугарските граници се исклучува можноста патник да донел лесно запаллива материја.

– Во секој автобус има туби, но тие се со вода, секој автобус мора да ги има за секој случај и тоа е вода за резерва. Ова е резервна вода. Строга контрола на влез во Бугарија, багаж, возач и сè што се носи, вели тој.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера обвинија дека власта се уште нема одговор за несреќата и дека секојдневно се појавуваат нови дилеми. Опозицијата прашува дали е вистина дека директорот на Инспекторатот за транспорт Руфат Хусеини од декември 2020 година нема дадено налог за инспекциски надзор на граничниот премин Деве Баир додека пак на другите гранични премини како Табановце, Блаце, Ќафасан и Богородица биле извршени редовни надзори од страна на инспекторите.

 

МИА

актуелно бугарија државен. незгода организиран протокол тела
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.