Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Преку осигурување на посевите земјоделците најбрзо ќе надоместат штета и ќе го обноват производството
Македонија

Преку осигурување на посевите земјоделците најбрзо ќе надоместат штета и ќе го обноват производството

јуни 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Земјоделците чекаат на директна помош од државата за надоместување на штетите од поплавите и други временски неприлики, а тоа во бројки изнесува околу 5 милиони евра трошок за сите оштетени, што е прилично голем износ, кој може да се пренасочи за други потреби во земјоделството.

Најдобро е земјоделците да ги осигураат своите површини, односно посевите со кои тие се засеани, со што многу полесно ќе ја надоместат штетата и побрзо ќе можат да го обноват производството.

Ова го порача Билјана Петровиќ од здружението „Современо Земјоделство“ на првата трибина од едукативната кампања за подигнување на јавната свест за земјоделско осигурување што се одржа  во Битола во организација на земјоделското здружение „Современо земјоделство“ и осигурителени компании, со поддршка од Владата на
Република Северна Македонија.

Идејата за оваа кампања произлезе од потребата за поголема едукација и информираност на земјоделците за важноста од осигурувањето имајќи предвид влијанието на климатските промени и несигурноста на земјоделското производство како „фабрика на отворено“.

Петровиќ појасни дека ова е само првата фаза од ваква кампања што придонесува кон приближување и усогласување помеѓу интересите на осигурителните компании и земјоделците и воедно да се добие поголема информираност за начинот и условите за добивање на осигурителна полиса.

На трибината учествуваа претставници од неколку земјоделски здруженија кои дадоа свои забелешки и сугестии како да се зголеми интересот кај земјоделците за осигурување на производството, имотот, добитокот како и животното осигурување.

„Нашата забелешка до осигурителните компании е тоа што не сме доволно информирани односно очекуваме тие да ни укажуваат што е најдобро за нас, која нивна понуда е најприфатлива и да ни објаснат убаво, со едноставни зборови за да се разбереме пред да потпишеме полиса, а не потоа да се жалиме дека не сме задоволни од нивната компанија“, вели Петре Стојковски од здружението „Клас“.

Поддршка во осигурувањето добиваат и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое покрива 60 отсто од вредноста на полисата, преку субвенционирање.

На трибината се зборуваше и за превентивата што треба да биде позастапена со цел да не доаѓа до поголеми оштетувања од град кај лозовите и овошните насади, на
кои поради застарениот начин на насад нема услови да се постават заштитни мрежи, особено во преспанскиот регион.

„Влада веќе го изгласа новиот начин на заштита со авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделски посеви. Станува збор за нов систем за заштита од временски непогоди што предвидува контрола на климатските услови преку таканаречено засејување. Тоа подразбира надлетување на небото на територија на Република Северна Македонија со специјално опремени авиони што ќе испуштаат раствор за спречување на формирање на мраз
во облаците. Со овој вид на заштита од природни климатски непогоди како што е градот се постигнува најефикасен систем за превенција и неколкукратно поекономичен систем од старите ракетни системи“, изјави Александар Мусалевски од Министерство за земјоделство, шумартсво и водостопанство.

Во кампањата учествуваа осигурителните компании Триглав, Евроинс, Кроација, Сава и СН Осигурителен брокер АД Битола.

Трибините продолжуваат и во други градови низ државата, за да се постигне поголема информираност и значително зголемување на земјоделското осигурување.

земјоделци осигурување штета
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување

јуни 8, 2026

Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.