Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПРЕКУ ТУРЦИЈА И ГРЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Лавров пристигна во Скопје
Некатегоризирано

ПРЕКУ ТУРЦИЈА И ГРЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Лавров пристигна во Скопје

ноември 30, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Авионот со кој рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, допатува во Скопје на Министерскито совет на ОБСЕ, прелетал преку воздушниот простор на Турција и на Грција, а не и на Бугарија, јавија руските медиуми.

Менувањето на рутата за летот е поради одбивањето на бугарските власти да доволат прелет на авион во кој се наоѓа портпаролката на руското МНР, Марија Захарова. Летот траел повеќе од пет часа.

Во нотата од бугарското Министерство за надворешни работи, во која имале увид руски медиуми се вели: „Дозвола за учество на горенаведената средба во Скопје е дадена за министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, и неговата придружна делегација во согласност со белешката. Дозволата не се однесува на директорот на одделот за информации и печат на руското Министерство за надворешни работи,  Марија Захарова, која се појавува на списокот со санкции, во согласност со важечките закони на ЕУ“.

Захарова на Телеграм објави дека одлуката „… не е само глупост, туку опасната глупост на некој шегаџија во структурите на моќ во Бугарија“.

„Факт е дека правилата за воздушниот сообраќај се регулирани со Чикашката конвенција за меѓународно цивилно воздухопловство од 1944 година. Таа пропишува територијата на една држава да се разбере како ‘копнени територии и соседни територијални води’. Воздушниот простор не е вклучен во терминот ‘територија’. Во оваа смисла, ефектот од незаконските санкции на Европската Унија не може да се прошири на непрекинат лет на авион на лице на кое му е забранет влез на територијата на државата“, пишува Захарова на Телеграм.

Според неа, за првпат во историјата, државни органи забраниле лице во авион, а не авион, бидејќи, според белешката од бугарското дипломатско одделение, на авионот на руското МНР му беше дозволено да прелета.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров доцна ноќеска пристигна во Македонија за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ.

На официјалниот твитер профил на руското МНР објавени се фотографии од пристигнувањето на Лавров на меѓународниот аеродром во Скопје на кои може да се види дека тој бил пречекан од рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.

Лавров пристигна по завршувањето на неформалната вечера на министрите учесници на состанокот на ОБСЕ.

Учеството на шефот на руската дипломатија беше неизвесно поради меѓународните санкции против Русија по инвазијата врз Украина, но откако Бугарија соопшти дека ќе го отвори небото и ќе дозволи прелет на рускиот владин авион, а ЕУ кажа дека тоа не е кршење на санкциите, од Москва беше потврдено дека Лавров доаѓа во Скопје.

Поради доаѓањето на Лавров, учеството на состанокот на ОБСЕ во Скопје го откажаа министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба, шефовите на дипломатиите на балтичките земји –  Естонија, Летонија и Литванија, Маргус Цахна, Кришјанис Каринш и Габриелиус Ландсбергис, и министерот за надворешни работи на Полска. Шимон Шинковски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: МИА / Фото: Х (твитер) на руско МНР)

актуелно бугарија македонија Марија Захарова ОБСЕ Сергеј Лавров скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.