Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Премиерите на Вишеградската група ја повикаа ЕУ за одлука за пристапни преговори за Северна Македонија и Албанија
Македонија

Премиерите на Вишеградската група ја повикаа ЕУ за одлука за пристапни преговори за Северна Македонија и Албанија

септември 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во овој документ на Вишеградската група се напоменува дека пристапувањето е и ќе остане процес заснован на заслуги и кој целосно зависи од објективно
постигнатиот напредок, и се повикуваат сите засегнати страни во Европската Унија,
а во однос на октомврискиот Совет за општи работи, да го задржат и зајакнат
позитивниот импулс и енергијата која произлезе од напредокот во реформите и од
стапувањето во сила на историскиот Преспански договор, преку отворање на
пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија.

Премиерите на државите на Вишеградската група на денешната средба во Прага со претседателите на владите на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и премиерот Зоран Заев,  усвоија Декларација на Вишеградската група за Западниот Балкан.

Како што информира прес-службата на Владата, лидерите од Вишеградската група во Декларацијата ја потврдуваат нивната недвосмислена поддршка за пристапувањето на државите од Западниот Балкан во Европската Унија и увереноста дека обединувањето на Европа нема да биде целосно без пристапувањето на Западниот Балкан во Европската Унија

– Во текстот на Декларацијата се нагласува дека политиката на проширување на Европската Унија е значајна алатка со непроценлива вредност за постигнување безбедност, стабилност и просперитет во Западниот Балкан; оттаму, постоењето на кредибилна политика за проширување претставува стратешка инвестиција за безбедноста, стабилноста и просперитетот и на Европската Унија. Во овој документ на Вишеградската група се напоменува дека пристапувањето е и ќе остане
процес заснован на заслуги и кој целосно зависи од објективно постигнатиот напредок, и се повикуваат сите засегнати страни во Европската Унија, а во однос на октомврискиот Совет за општи работи, да го задржат и зајакнат позитивниот импулс и енергијата која произлезе од напредокот во реформите и од стапувањето во сила на историскиот Преспански договор, преку отворање на пристапните преговори со
Северна Македонија и со Албанија, наведува владината прес-служба.

Декларацијата на Вишеградската група нагласува дека започнувањето на пристапните преговори во октомври 2019 година не само што ќе овозможи двете држави да се посветат уште повеќе на потребните реформи, туку ќе служи како значаен поттик за целиот регион и гаранција дека Европската Унија ќе продолжи да има водечка улога во позитивната трансформација на регионот.

Премиерите на земјите членки на Вишеградската група во декларацијата изразуваат очекувања, во согласност со Стратегијата на Европската комисија за Западниот Балкан од февруари 2018 година, дека пристапните преговори со Србија и Црна Гора ќе бидат забрзани во текот на следниот мандат на Комисијата во согласност со напредокот постигнат од двете држави, како и дека реформските процеси во Босна и Херцеговина и Косово во натамошниот период ќе ги зајакнат шансите за членство во Европската Унија на регионот.

Во Декларацијата од Прага се повторува поддршката за државите партнери од Западен Балкан во нивната подготвеност за одржување на стабилноста во регионот, зајакнување на владеењето на правото, борбата со организираниот криминал и корупцијата, зајакнувањето на отпорноста кон хибридните закани, спречување на радикализацијата и контрола на миграцијата.

Земјите членки од Вишеград во Декларацијата нагласуваат дека ја имаат предвид стратешката улога на Западниот Балкан во зајакнувањето на диверзификацијата на енергетските извори на Европската Унија преку Јужниот коридор и ја изразија својата подготвеност за подобрување на соработката помеѓу државите од Вишеградската група и Западниот Балкан.

Во завршницата на Декларацијата на Вишеградската група се потенцира подготвеноста на државите од Вишеградската група за натамошна поддршка за широка регионална соработка, добрососедски односи и помирување на Западниот Балкан, меѓудругото и преку грантови на Меѓународниот вишеградски фонд, програми за стипендирање или помош за Фондот за Западниот Балкан.

актуелно вишеградска ЕУ НАТО повик преговори премиери пристап
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.