Премиерот Емил Димитриев Велигден го одбележа во Штип. Тој повика да се запази достоинството во комуникацијата во услови на силни политички поделби.
„Доброволната жртва на Исус не потсетува дека треба да ги запазуваме вредностите, кои што со векови го јакнеле единството меѓу македонскиот народ, а граделе соживот и толеранција со останатите народи. Ова е поука за политичарите во моменти кога имаме силна политичка поларизација да надвладее разумот, да се запази достоинството во постапките и комуникацијата меѓу себе. Република Македонија во историјата преживеала многу премрежја, ќе го преживее и ова и од ова ќе излезе посилна, рече Димитриев.







