Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Премиерот Заев на регионална конференција за млади на RYCO
Македонија

Премиерот Заев на регионална конференција за млади на RYCO

март 21, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше и се обрати на конференцијата од Регионалната канцеларија за поврзување и соработка (RYCO), која се одржа во Скопје.

Премиерот, нагласувајќи дека иако иницијативата за регионално поврзување на младинските организации, со цел развивање на регионална соработка и младинска размена, е отпочната од шесте влади на држави од Западен Балкан, со силна поддршка од Европската Унија, како дел од Берлинскиот процес, таа сепак е произлезена од потребите на младинските организации од регионот и е резултат на нивната заложба.

Тој, во своето обраќање пред присутните претставници од младински организации од регионот на Западен Балкан ја оцени оваа иницијатива како една нова заедничка структура која е за секоја почит, потенцирајќи дека ова е шанса за соработка онаму каде претходните генерациите не успеале.

„Додека разговарав со млади луѓе, активисти и приврзаници на идејата за ваквото регионално поврзување, најдов нешто кое знам да го правам добро и нешто кое уживам да го правам: Да учам од млади луѓе како вас, ослободени од стереотипите на поделбите по вера, нација, етничка припадност, и по било која друга основа.

И секогаш, за време на овие средби и разговори, ми се потврдува ставот дека за да бидеш добар лидер, треба да бидеш подобар слушател од говорник – рече Премиерот на конференцијата.

Премиерот Заев, истакна дека зајакнување на младинската соработка, му дава шанса на конструктивниот пристап во справувањето со траумите и со стереотипите наследени од минатото на целиот регион.

Тој исто така на присутните им посочи дека пред сите инволвирани во овој процес, стојат повеќе од само очекувања, и нагласи дека „пред вас стои мисијата да бидете активен дел од нашите општества и да ја поттикнувате младината да биде погласна за своите права, поборбена за своите идеи, да си го заземе заслуженото место на основен столб во нашето општество“.

„Исто така е суштински важно, соработката на младинските организации од регионот да се прелее во соработка со институциите на системот: Во образованието, за да имаме подобро образование; Во соработка со институциите на здравството, за да имаме подобро здравје; Во широка соработка со владите, за да имаме посилна заедница и поврзани општества, споени во сличностите, побогати поради различностите – истакна Премиерот Заев, и додаде:

„Ние, земјите од Балканот, имаме храбри млади луѓе како вас, кои се онолку сити од историја колку што се желни за иднина. Без да се плашат да комуницираат меѓу себе, да соработуваат без оптеретувањата со национализам и дискриминација. Граѓани кои поскоро сакаат да придонесат за нашите прекрасни земји, отколку да ги напуштат. Кои не сакаат ниедна можност за подобра иднина, да остане неискористена“.

Подвлекувајќи дека амбицијата на младите луѓе, во креирањето активно граѓанство е насока за работата на политичарите, тој повика на самосвесност, но и одговорност, не само за сегашноста, но дотолку повеќе за иднината.

„Преземајте иницијативи, бидете будни коректори на владините политики, затоа што од тие ваши вештини ќе зависи колку нашата заедничка иднина ќе биде поубава иднина – рече премиерот на конференцијата.

Во текот на конференцијата премиерот Заев уште додаде и дека многу често, постарите политичари, премиери, претседатели, пратеници, дебатираат многу често за добрата иднина на младите луѓе за да го подобрат квалитетот на живот на младите луѓе од своите земји.

„Но, навистина ние не сме тие кои се најважни или кои најдобро знаат како да го подобриме животот на младите луѓе. Младите сами знаат подобри начини како да си го подобрат квалитетот на живот во земјите од целиот регион – рече Премиерот Заев.

Тој ги повика претставниците намладинските организации да не оставаат на политичарите да одлучуваат за иднината на младите, туку да бидат многу активни, многу гласни, и да пробаат да најдат простор за нивните иницијативи, кој, како што рече тој, колку се поактивни – толку се повидливи, и со тоа секогаш го водат општеството напред.

актуелно живот Заев квалитет конференција политичари
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.