Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

октомври 29, 2026

СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

октомври 29, 2026

ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан

октомври 29, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
  • „Си-Ен-Ен“, „Ем-Ес НАУ“ и „Политико“ ја проширија тужбата поради ограничувањето на пристапот до Белата куќа
  • ГС на ОН повика на прекин на повеќедецениското американско економско ембарго кон Куба
  • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
  • Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
  • Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Премиерот Заев на средба со професори од Институтот за македонски јазик
Македонија

Премиерот Заев на средба со професори од Институтот за македонски јазик

септември 11, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска прими делегација од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

На состанокот, како членови на делегацијата на институтот, присуствуваа директорката д-р Елена Јованова-Грујовска, и професорките и научни работнички д-р Симона Груевска-Маџовска, д-р Алексанра Ѓуркова, како и претставничките на редакциите на „Правописот на македонскиот јазик“ и на „Толковниот речник на македонскиот јазик“, д-р Елка Јачева-Улчар и д-р Снежана Велковска.

На оваа средба присуствуваа и министерот за култура Роберт Алаѓозовски и Претседателот на Советот за македонски јазик, проф. д-р Људмил Спасов.

Премиерот Заев детално ги објасни мерките за унапредување на состојбата на македонскиот јазик усвоени на последната седница на владата, и нагласи дека меѓу 11-те точки од овие мерки се и оние кои се однесуваат на основање на Фонд за поддршка на афирмирањето на македонскиот јазик на странските универзитети, за отворање и за поддршка на лекторите по македонски јазик на странските универзитети, во ЕУ.

Мерките предвидуваат основање на уште еден фонд за поддршка, за изработка на научни дела посветени на македонскиот јазик од сите области, како и други иницијативи кои во значителна мерка ќе ја подобрат работата за Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, истакна дека оваа иницијатива за унапредување на институционалната поддршка за македонскиот јазик доаѓа од фактот и од заветот дека македонскиот јазик е нашиот идентитет и столб на нашата посебност.

Од делегацијата на институтот соопштија дека научните работници од оваа институција со големи одобрувања ги прифатија овие мерки и дека тие мерки, меѓу другото, ќе овозможат освежување на научниот тим на институтот, во кој од 1998 година нема нови вработувања, како и нови проекти, со оглед на фактот дека последниот одобрен научен проект е од 2010 година.

Премиерот Заев порача дека во Владата на РМ постои амбиент за решавање на сите наметнати и наследени проблеми од претходниот период, и побара од професорките од институтот да дадат конкретни предлози за надополнување на веќе усвоенте мерки за унапредување на македонскиот јазик.

Предлогот на премиерот Заев, институтот да обезбеди едноставен и слободен пристап, без надомест, до капиталните дела „Правопис на македонскиот јазик“ и „Толковен речник на македонскиот јазик“, наиде на одобрување кај делегацијата.

Договорено е оваа можност за граѓаните на Република Македонија да биде овозможена колку што е можно побрзо.

На средбата меѓу премиерот и научните работници е прецизно утврдено, од страна на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, дека употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е регулирана со ставот 1 од амандманот V во Уставот на Република Македонија, и со Законот за употреба на македонскиот јазик од 1998 година. Согласно овие одредби, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, се единствени службен јазик и службено писмо на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи.

Во искрениот и отворен разговор, премиерот Заев и членовите на делегацијата на Институтот за македонски јазик разговараа за укажувањата на јавноста во врска со Предлог законот за употреба на јазиците.

При тоа, Претседателот на Владата на РМ посочи дека овој предлог закон ја регулира употребата на немнозинските јазици на локално и, во определени области, на централно ниво.

Премиерот Заев укажа на фактот дека законот е обврска од амандманот V од Уставот на Република Македонија донесен во 2001 година, односно пред 16 години, и дека овој предлог закон не е прв од оваа сфера, туку дека доаѓа после Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа од 2008 година и измените и дополнувањата на истиот тој законот од 2011 година.

Со ова законско решение се обезбедуваат правата на помалите заедници во Република Македонија, и, во исто време, ова е последното отворено легалистичко прашање кое произлегува како обврска од Охридскиот рамковен договор.

Од делегацијата на Институтот за македонски јазик, на премиерот Заев му беше нагласено дека некои од решенијата во предлог законот имаат терминолошки непрецизности, поради што може да се создадат услови за погрешно толкување на одредбите од предлогот на ова законско решение.

Заедничка констатација во овој дел на состанокот во кабинетот на Претседателот на Владата на РМ, е дека е потребно да се направат напори овие семантички отворени прашања да добијат соодветено терминилошко решение во постапката на донесувањето на законот во собраниската расправа и процедура.

Премиерот ја прифати поканата од страна на директорката на Институтот за македонски јазик, да биде покровител на втората македонистичка конференција која ќе се одржи во ноември 2018 година.

 

 

 

актуелно Влада на РМ Зоран Заев
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

октомври 29, 2026

СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

октомври 29, 2026

ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан

октомври 29, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.