Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Премиерот Заев немал директни контакти со министерот Спасовски, но ќе направи тест
Македонија

Премиерот Заев немал директни контакти со министерот Спасовски, но ќе направи тест

октомври 27, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во тек е епидемиолошка анкета за контактите кои министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги имал деновиве.

По ова ќе се знае точно кој ќе добие решение за домашна изолација.

Доколку здравствените, стручни институции утврдат дека некој претставник на СДСМ треба да биде во изолација, јавноста ќе биде информирана за тоа.

„Претседателот на Владата, Зоран Заев, немал директни контакти со министерот, надвор од здравствените протоколи за лична заштита, но ќе направи тест на коронавирус“, информираат за МИА од канцеларијата на портпаролот на Владата на Република Северна Македонија.

„Напоменуваме дека сите контакти на министерот Спасовски биле со почитување на мерките за физичко растојание, носење заштитна маска и избегнување групирања. Во однос на прашањето за контакти во Владата, потсетуваме дека седниците се одржуваат преку видеоконференциска врска“, велат од владината прес-служба.

„Секаде се почитувани мерките и протоколите за заштита на здравјето. Во однос на епидемиолошките анкети, тоа е задача на надлежните здравствени установи кои согласно процедурите ќе извршат анкети и согласно резултатите ќе постапат зависно од наодите, е ставот на СДСМ“, појаснува за МИА портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

„Сите активности во седиштето на партијата, потенцира таа, секој ден, се одржуваат согласно мерките за заштита од коронавирусот, вклучително и организацијата на дигиталниот Конгрес на партијата. Впрочем, посочува, затоа СДСМ одржа дигитален конгрес заради заштита на здравјето на делегатите, членовите, медиумите, заради заштита на јавното здравје“, појаснува за МИА портпаролката на СДСМ Богданка
Кузеска.

Дигиталниот Конгрес на СДСМ, информира Кузеска, се одржа во голема просторија со помалку од 30 проценти исполнетост на просторот.

„Целосно се почитуваше задолжителното носење маска од сите присутни, освен за време на обраќањата, кои беа на драстично поголема дистанца од предвидената, постојана дезинфекција и достапни средства. Сите присутни беа на соодветна и доволна физичка дистанца, со постојано проветрување на просторот и постојана
дезинфекција на микрофоните, говорницата и другите површини во салата. Дополнително, пред влезот во салата на сите им беше измерена температура, согласно протоколите“, вели Кузеска.

Таа додаде дека тоа е видливо и на сите фотографии од Конгресот, вклучително и во салите каде што присуствуаа и делегатите, во своите општини.

Министерот Спасовски преку објава на Фејсбук соопшти дека е позитивен на Ковид-19.

Кличничката слика, како што напиша, му е добра, со благи симптоми и веќе е во домашна самоизолација.

„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги преземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид-19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се“, наведе Спасовски синоќа во објавата на својот фејсбук-профил.

актуелно Заев Спасовски тест
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.