Од Самитот на НАТО во Брисел, пред почетокот на работната програма, премиерот Зоран Заев, даде кратка изјава:
„Од денеска, Македонија оди само напред. Граѓаните нижат уште еден голем успех. Честитам Македонијо! НАТО одлучи да ни биде врачена поканата да станеме 30-та членка на Алијансата. Ја добивме поканата да станеме сојузник на најсилните земји членки во светот. Ова е покана за полноправно членство во водечкиот сојуз за мир и безбедност на меѓународната сцена. Дочекавме уште еден голем ден. Ги остваруваме нашите заеднички стратешки цели, нашите заеднички основи и надежи. Да продолжиме да чекориме до следната голема одлука кога повторно ќе кажеме Да, за нашата иднина. Да, за македонската иднина“, рече Заев.







