„Сингапур ерлајнс“ е прогласен за најдобар авиопревозник на годинешната манифестација „World Airline Awards“ за 2023 година, по петти пат во 23-те години колку што се доделува оваа награда.
Наградите за најдобрите беа доделени во култниот Музеј на воздухопловство, за време на Саемот за авиони во Париз, пренесува „Скајтракс“.

„Оваа награда е потврда за нескршливиот дух на нашите луѓе кои неуморно работат и се жртвуваат за нашата компанија спремно да го дочека закрепнувањето на воздушниот сообраќај после пандемијата.
Се вративме посилни и поподготвени“, изјави Гох Чун Фонг, извршен директор на „Сингапур ерлајнс“.
Наградите, познати како „Оскари на воздухопловната индустрија“, почнаа да се доделуваат во 1999 година, а до денес останаа целосно непристрасни, бидејќи трошоците за анкетирање на патниците и самото доделување ги финансира организаторот – „Скајтракс“.
Седумкратниот добитник на престижната награда за најдобар авиопревозник, „Катар ервејс“, оваа година според оценките го зазеде второто место.
На трето место е јапонската „АНА Ол Нипон Ервејс“, „Емирати“ се четврти, а „Јапонија Ерлајнс“ го зазеде петтото место.
Во конкуренција за „Оскарот“ годинава беа дури 325 авиокомпании.

Најмногу награди добија „Сингапур ерлајнс“ и „Катар ервејс“ кои добија по девет награди, во „Делта Ер“, која освои шест награди, е најдобра американска компанија, а во Европа доминираше „Туркиш ерлајнс“ со четири награди.
„Катар ервејс“ ја однесе победата во категоријата – „бизнис класа“, а „Сингапур ерлајнс“ победи во категориите на награди за прва класа. За најдобар нискобуџетен авиопревозник во Европа е прогласена компанијата „Волотеа“, додека наградата во категодијата за патување со деца ја доби „Ер Канада“. Награди се доделуваат на сите авиокомпании кои имаат летови до шест часа.







