Арбитражниот суд во Москва пресуди дека американската компанија „Гугл“ треба да го деблокира ТВ каналот „Русија тудеј“ на „Јутјуб“.
Тужбата против „Гугл“ руската компанија ја поднесе до судот во мај, а „Гугл“ го тужеа уште две компании, НТВ и „Гаспром медиа“.
Имотот на „Гугл“ во Русија веќе беше блокиран по тужбата на фудбалскиот клуб Ахмат.
И јутјуб каналот „Каниград“ го тужеше „Гугл“ дека неоправдано го блокирал.
Руската државна контролна служба „Роскомнадзор“ уште на 19 март регистрирала 54 случаи кога „Гугл“ блокирал различни руски ТВ канали.
Долгот на „Гугл“ во Русија е речиси 19 милијарди рубљи.
„Гугл“ блокираше бројни руски медиуми поради содржина поврзана со, според официјална Москва, „специјалната операција во Украина“.
(Фото: Ројтерс)