Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Прес-конференција на Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ за стапката на криминал
Македонија

Прес-конференција на Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ за стапката на криминал

јуни 4, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Скопје, 4 јуни 2020

Андоновски: Зголемена е за 18 пати стапката на финансиски криминал во споредба со 2016

Почитувани,

Рекет демократијата на Зоран Заев достигна меѓународно реноме.

СДСМ дваесеткратно ја зголеми стапката на финансиски криминал во Македонија.

Според јавно објавените податоци на Управата за финансиска полиција, Коалицијата „Сите за правично судење“ објави графици кои укажуваат на тоа дека материјалната штета врз буџетот на Република Македонија поврзана со финансискиот криминал е највисока во 2019 година.

Стапката на финансиски криминал минатата година била 18 пати повисока отколку пред четири години.

Од графиконите јасно се гледа дека во 2016 година е регистрирана најниска стапка на финансиски криминал, а веќе следната година штетата на буџетот драстично се зголемува повеќе од двојно и нагорниот тренд се одржува и во сите овие години од владеењето на СДСМ.

Корумпираната власт на СДСМ, според јавно објавените податоци, е причина за над 9 милијарди и 300 милиони денари, кои на годишно ниво се излеваат од државната каса.

За овој криминал, македонските граѓани плаќаат од сопствените џебови.

Се работи за над 150 милиони евра годишно, или од 2017 до 2019 година за над 300 милиони евра оштетувања на буџетот.

Тоа е вредност од два автопати од Скопје до Штип, 300 градинки или 60 основни или средни училишта.

Наместо во инвестиции, овие пари отишле во нечии приватни сметки.

Од анализираните податоци, најмногу се работи за кривичното дело „Затајување данок“, за кое е запретена казна затвор од пет години.

Отворено прашуваме, дали и колку лица се казнети за даночно затајување во 2019 година?

Прашуваме и дали затаените и украдени средства се вратени во буџетот на Република Македонија?

Почитувани,

Во текот на владеењето на СДСМ, Македонија руши рекорди во најлошите ранг-листи во светот.

Неодамна бевме прогласени за хибриден режим од страна на светски угледното списание Економист.

Транспаренси Интернешнал ја класифицираше Македонија на 106 место по корупција, а подобри од нас се Босна и Херцеговина и Косово.

Убедливо сме една од најкорумпираните држави на Балканот.

Скоро, Стејт департментот ни забележа за висока корупција и ограничената независност на судството.

И наместо правда и мир, добивме илјадници евра кои недостасуваат од благајните на државните институции, проневерени средства од директори блиски на Зоран Заев, и рекет од страна на оние кои треба да ја штитат законитоста.

Сето тоа под палка на корумпираната власт на СДСМ.

Но, доста е!

Македонскиот народ не заборава, и казната ќе дојде до сите оние кои краделе од џебот на македонските граѓани.

Стефан Андоновски, ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

вмро-дпмне криминал прес-конференција Стефан Андоновски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

За првпат од 1990 година, СПС нема да има претставник во Собранието на Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.