– Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно. На североистокот од земјата ќе има зголемена облачност и услови за појава на слаб снег, кој понекаде ќе преминува во слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој до Повардарието краткотрајно ќе засилува. Попладне облачноста ќе се намали.
Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје претпладне малку до умерено облачно, а попладне сончево со
мала облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура
ќе достигне до 10 степени.
Минималните температури измерени утрово се движеа од -8 во Битола, -6во Прилеп, -5 на Попова Шапка, -4 во Тетово, Д. Капија и Петровец, -3 воШтип, -2 во Струмица, Крушево, Куманово, Скопје, Виница, Берово иМаврово, -1 во Охрид, Претор и Крива Паланка до 2 степени во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот изнесуваше 38 сантиметри наПопова Шапка, 22 во Тополчани и Крушево, 21 во Маврови Анови, 20 воБитола, 17 во Пожаране, 16 во Штип и Ѓуриште, 14 во Лазарополе иПретор, 11 во Демир Капија, 8 во Берово и Крива Паланка, 6 во Прилеп, 5во Охрид, 2 во Виница и 1 сантиметар во Струмица.







