Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, а локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 22 до 30 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност.
Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со
пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд.
Утре и во среда на повеќе места врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.







