Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Претседателот Пендаровски домаќин на италијанскиот претседател Серџо Матарела
Македонија

Претседателот Пендаровски домаќин на италијанскиот претседател Серџо Матарела

септември 9, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателот Матарела ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Матарела и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Италија.

Претседателите Пендаровски и Матарела досега имаа средби во Рим во ноември 2019 година и во мај 2021 година.

Како што соопшти Амбасадата на Италија, по средбата со Пендаровски, Матарела ќе се упати во Собранието, каде што ќе се сретне со претседателот на Парламентот, Талат Џафери. Во рамки на свечената седница, ќе се обрати до пратениците и граѓанските и верските претставници во земјата.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателот Матарела и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Во попладневните часови и премиерот Димитар Ковачевски ќе го пречека претседателот Матарела и неговата делегација. По средба со претставници на италијанската заедница во земјава, шефот на државата во вечерните часови ќе го напушти главниот град.

Матарела синоќа допатува во официјална посета на земјава, а на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Серџо Матарела беше избран за претседател на Италијанската Република во јануари 2015 година, а на таа функцијата беше реизбран и во февруари 2022 година, со над 75 отсто од гласовите на Собранието, со што е втор претседател избран со најголем број гласови во историјата на Италијанската Република. Посетата на Матарела на највисоко ниво го потврдува интензитетот на односите меѓу Италија и Северна Македонија, на политичко поле (Италија отсекогаш ги поддржувала евроатлантските амбиции на Северна Македонија и го поддржува нејзиниот развојен и институционален пат со широк сет на иницијативи за соработка), општествено (Италија е домаќин на значителна македонска дијаспора) и економско-трговско поле (Италија е осми трговски партнер, со силен нагорен тренд).

Во земјава расте и интересот за италијанската култура и јазик, посочуваат од Италијанската амбасада во Скопје.

 

актуелно италија матарела пендаровски Претседател
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.