Илиевски и Дамовски се заблагодарија за поканата и ја напуштија дебатата бидејќи „не им било интересно“
Предводниците на протестите на таканаречената граѓанска иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски и Борис Дамовски, вечерва, додека гостуваа на „Топ тема“ на Телма заедно со пратеникот Павле Богоевски и граѓанскиот активист Бојан Маричиќ, станаа и си заминаа.
Илиевски и Дамовски истакнаа дека ја напуштаат дебатата бидејќи „не им било интересно“ и се заблагодарија за поканата.
Прв стана Дамовски, а Илиевски рече дека се солидаризира со него.
Во Топ тема на Ваша страна вечерва се дебатираше за тоа која е разликата и сличноста меѓу сегашниве протести и протестите на шарената револуција.
Претставниците на иницијативата За заедничка Македонија ја напуштија дебатата поради поставеното прашање за амнестијата за хашките случаи која ја изгласаа ВМРО-ДПМНЕ во парламентот, но и затоа што не беа задоволни од соговорниците и сметаат дека не се придржуваат до договорените правила за дебатата.







