Утрово околу 01,00 часот во Долно Соње, Скопско, во куќа на ул.12., сопственост на П.К. (56) од Скопје, каде што претходно имало семејна веселба, се случил инцидент во кој биле употребени ловечка пушка и боксирач.
Од МВР денеска информираат дека во куќата дошле лицата М.М. (27) и С. Т (24), кои од страна на сопственикот биле поканети и по кусо време заминале. Но набргу пак се вратиле при што С.Т. со себе носел ловечка пушка, а пак М.М. боксирач.
М.М. го нападнал Б.К. (27) инаку син на сопственикот на куќата, а пак С.Т. испукал еден куршум во правец на неколку лица и уште еден во воздух. По ова М.М. и С.Т. го напуштиле местото на настанот, се појаснува во соопштението од МВР.
Еден час по инцидентот полицијата ги пронајде и ги приведе М.М. и С.Т.
Се работи на целосно расчистување на случајот.







