По вчерашните протести против Договорот за решавање на спорот со името пред Собранието од МВР информираат дека бил спречен обид за упад во Собранието и се приведени 25 демонстранти.
За време на насилниот протест биле повредени 7 полицајци.
“Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда, истовремено обидувајќи се насилно да влезат во Собранието.
„Со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата уопотреби солзавец“, соопшти МВР.
Од МВР најавуваат повеќе информации во текот на денот.







