Градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев, со уште три други лица вчеравечер биле приведени во СВР Струмица заради вмешаност во нелегална трговија со шигари.
Настанот се случил близу село Бадилен, каде полициски службеници запреле две моторни возила во кои, по направената проверка, било констатирано дека биле превезувани цигари.
„Во едното возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари, а било управувано од страна на Б.С. (54), со сопатник Ј.С. од село Ново Коњарево. Во другото возило управувано од Г.С. (24) со совозачот С.В. (26) од село Ново Коњарево биле натоварени 35 штеки цигари и една кутија со 49 штеки цигари и една штека со девет кутии“, информираат од МВР.
На местото на настанот е извршен увид од полицијата во присуство на јавен обвинител, лицата се приведени, а цигарите се одземени.