Во текот на ноќта уапсен е Игор Југ во неговиот стан во Куманово – дознава Телевизија 24. Тој беше во првите редови помеѓу насилниците во Собранието. За време на крвавиот упад, беше и во прес-салата каде беа претепани и нападнати пратеници и новинари. На снимките се гледа дека носи и пиштол.
Веднаш по инцидентот беше отворена истрага против Југ. МВР се уште официјално не ја потврдува информацијата.
Владо Георгиев, познат како Игор Југ беше посочен и од страна на агентот Горан Живаљевиќ дека тој бил платен убиец со задача да го ликвидира премиерот Заев на 27 април во Собранието.
Игор Југ е водач на здружението „Владо Черноземски“ од Куманово кое беше дел од патриотскиот фронт. Пред настаните во Собранието, фронтот упати декларација до јавноста дека се против начинот на работата во македонскиот парламент и се заканија со други мерки.
24vesti.mk







