Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Прилепскиот „Пивофест“ од 18 до 21 јули, со програма за сите генерации
Локално

Прилепскиот „Пивофест“ од 18 до 21 јули, со програма за сите генерации

јуни 27, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од 18 до 21 јули во Прилеп по 17-ти пат ќе се одржи традиционалниот Фестивал на пивото и на скарата – „Пивофест“.

Четирите фестивалски дена ќе донесат голем број посетители и новини со што ќе се збогатат содржините на оваа, една од најголемите летни манифестации, препознатлива на Балканот, соопштија денеска на пресконференција организаторите: прилепската локална самоуправа и агенцијата „Баги комуникации“ од Скопје.

Според градоначалникот Илија Јованоски, „Пивофест“ ќе се одржува во центарот на градот, зашто анкетата со граѓаните и институциите покажа дека тоа е најдобрата, најсигурната и најфреквентната локација со најсоодветна инфраструктура.

На Фестивалот ќе има преку 20 штандови и се ќе биде поставено на површина од 4.131 метар квадратен.

„Оваа година ќе биде поразлично и побогато. Ќе има повеќе пиварници и поразлична програма преку целиот ден, ноќта, се до раните утрински часови. Музиката и програмата ќе биде за сите генерации и за сечиј вкус за Феастивалот да биде подобар и поразличен од досега. Нема да има огномет, а средствата за тоа ќе бидат пренаменети во добвротворни цели, за Здружрението на лекувани алкохоличари, рече Јованоски.

Владимир Мандичевски од агенцијата „Баги комуникации“ која со години организира настани и манифестации во и надвор од државава нагласи дека програмата ќе донесе голем број познати изведувачи.

„Голем предизвик е да се организира ваков Фестивал кој има 16-годишна традиција и до Белград е регионално најголем, а е и во врвот на најголемите македонски фестивали. Програмата е конципирана за сите генерации, со посебен акцент на локални и наши групи изведувач.

Направен е избор на различен вид музика со гости од целиот регион. Во четврток, на 18 јули, ќе настапат „Прилепски еснаф“, дуетот СелимоваЖелчески, Ѓорѓе Давид и Ивана Негатив, а вечерта ќе заврши со настапот на рок-групата „Галија“. В петок, на 19 јули, се Ален Хасановиќ, Миле Кузманоски, Кантурови и Светлана Ражњатовиќ-Цеца. Во сабота на 20 јули термините се резервирани за „The Hounds“, Влатко Стефановски-трио, Фрајле и за Тамара Тодевска, а последната вечер, на 21 јули, недела, настапуваат „Бен Хур“, „Кал Бенд“ од Блеград кој изведува џипси рок низ цел свет, Сања, Маринко и Зец ќе ги пеат песните на групата „Нови Фосили“ и на крајот „Cyrillic“, објаснува Мандичевски.

„Пивофрест“ претендира да биде водечки во регионот, како туристичка атракција.

„Има барања од туристички агенции од Скопје и досега најава на гости од Грција и од Бугарија, а допрва очекуваме најави на посетители. Ќе се организира и посета на сиот дипломатски кор во земјава. Направени се контакти со Стопанската комора на Македонија, со приелпската регионална комора и со македонската туристичка комора. Пиовофест од годинава мора да влезе во понудата на туристичките агенции и работиме Прилеп да стане регионален фентар на Фестивалот на пивото, рече
Мандичевски.

Јана Јанеска од локалната самоуправа наброи богата алтернативна програма во сите денови на Фестивалот.

„Ставаме акцент на алтернативните настани како можност да се издигне Фестивалот на повисоко ниво за да се развијат креативниот туризам и креативните индустрии. Ќе има и сервис за посетителите за информации за сите достапни инстѕитувции, како хотелите, хостелите, рестораните, службите на Итна помош, на Полицијата,. ќе има штанд за „изгубенонајдено“, ќе има „Пејн-бол – арена“ достаспни 24 часа, се воведува игра „Пивопол“ во вечерните часови пред почетокот на главната програма, за прв пат ќе има активна детска зона, преку денот ќе има летна забава во „Аквапаркот“, а во паркот на Револуцијата пак ќе биде активна „кампингзоната“ за сите кои ќе кампуваат на Фестивалот, а за младите во ноќите до раните утрниски часови ќе има алтернативна програма на камената бина на плоштадот „Александрија“. За време на Фестивалот, со познатото „Вовче“ ќе има презентација на културните знаменитости на Прилеп, рече Јанеска.

Мотото на Фестивалот е „За добра мисла“. Буџетото кој го одвојува локалната самоупорава за „Пивофест“ е 2,5 милиона денари за покривање на авторските хонорари на учесниците. Како и лани цената за парингпростор е 50 денари.

пивофест
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Нестабилно време во Македонија

јуни 10, 2026

Јапонската амбасадорка во работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје

јуни 5, 2026

За првпат во Македонија, годинава ќе се полага три вида матура

јуни 2, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.