Депортиво Алавес ја забележа втората победа во новата сезона во шпанската лига. На затворањето на шесттото коло, Алавес на свој терен ја совлада Гранада со 3:1 (0:0).
Головите за Депортиво ги постигнаа Едгар Мендес во 32, Виктор Камараса во 66 и Дејверсон во 92 минута.
Единствениот гол за Гранада го постигна Артем Кравец во 78 минута.
Алавес после шест одиграни кола во Примера го завзема деветото место со исто толку победи, додека Гранада е претпоследна, 19-та, со само два бода.